Поранешниот австриски тенисер и првиот играч кој беше доживотно суспендиран од страна на Меѓународната тенисерска организација, Даниел Колерер тврди дека Надал и Ферер се допингуваат.
,,Седум месеци не играше поради повреда, па се врати и освои 10 од 13 турнири на кои што настапи, од кои два Грен Слем турнири. Тоа е невозможно. Неговата повреда беше само изговор за прикривање на допингот, односно суспензијата. Никој не верува дека Надал е чист. Па замислите каков удар би било тоа за тенисот кога би се дознало дека Надал се допингува'', изјави австриецот, а потоа истото го кажа и за Ферер:
,,Тој беше, а можеби и сеуште е страствен пушач. Еднаш играв против него и тој пушеше 10 минути пред да излеземе на терен. Игравме три сета, а тој во третиот сет ,,леташе'' низ теренот, додека јас бев мртов уморен. Како е тоа возможно?'', се прашува Колерер кој пред доживотната суспензија поради местење на натпревари, два пати беше суспендиран поради непримерно однесување на теренот.
,,Во тенисот има многу манипулации, местење на натпревар и допинг. Јас ги платив моите казни, а оваа година ,,скокнаа'' Чилиќ и Троицки. А зошто, е тоа ве прашувам и јас...'', заклучи Колерер.
