За изградба на катната гаража Градот Скопје вложи околу 743 милиони
денари. Со објектот ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а цената за
билетот ќе чини 30 денари за еден час. Се очекува дека оваа капитална
инвестиција ќе придонесе за зголемување на бројот на паркинг-места во
Скопје, а на граѓаните ќе им овозможи олеснето паркирање во овој дел од
центарот на градот.