Мијалков си замина од Санторини, фати авион за Солун

Читатели на Либертас ни испратија фотографија од екс шефот на македонската УБК, Сашо Мијалков, кој вечерва во 20 часот (21 часот по грчко време) го напуштил ексклузивниот грчки остров Санторини. Тој се качил на авион за Солун. Мијалков лета со грчката авиокомпанија Ellinair.


Тој веројатно бил на Санторини за викенд, а како што веќе пишувавме, во петокот 20 минути пред полноќ, Мијалков се појавил во кафулето кое е во склопот на еден екстра луксузен хотел на овој грчки остров. Како што тврди нашиот извор, бил во друштво со уште една особа.


Инаку, Мијалков најчесто на провод одел на азурната обала, односно во Монте Карло.

Тој поднесе оставка од функцијата прв човек на УБК заедно со министерката Јанкуловска по акцијата во кумановското Диво насеље во кое животот го загубија 8 припадници на специјалците на МВР, Тигри, и 10 од криминалната група од Косово. Полициската акција и присуството на криминалната група од Косово во Куманово ја следат многу контроверзии и информации дека инцидентот бил нарачан од функционери во македонската власт.

За МВР истрагата е завршена но нема потврда дали се точни информациите дека оставките на министерката и првиот човек на УБК уследиле само неколку часа по нивниот информативен разговор во странска амбасада во Скопје.

Во опозициските бомби беа објавени аудио снимки на екс шефот на УБК со индиции дека зел провизија од израелската компанија од кја МВР ги набавила прислушните уреди, а имаше и снимки за неговата контрола врз македонското судство.

Канцеларија на ЕУ во Скопје ја награди истражувачката сторија на новинарката Сашка Цветковска за бизнисите и оф шор фирмите на братучедот на премиерот – „Шпионот земјопоседник“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О