Познатата Иди Брит која и` беше ноќна мора на Сузан Мајер (Тери Хачер) и денес е симбол за фатална русокоса (рамо до рамо со Саманта Џоунс).

Нејзе ја фотографирале папараците неподготвена додека излегувала од својот автомобил во Лос Анџелес. На момент застанала и позирала за нив, а потоа продолжила понатаму.

Облеката која ја носела фаталната Иди и не била толку фатална. Сандалите кои се врзуваат до колена одамна излегоа од мода, па го расипале целокупниот впечаток.

Сепак, ако ги занемариме сандалите, оваа убавица и во шестата деценија има нозе на кои би и` позавиделе многу помлади колешки.

Николет моментално работела на сценарио за серија која сама ја напишала и се надева дека ќе најде соодветна телевизија за нејзино снимање и емитување.