Повредата е сериозна и Чековски ќе мора да одмора подолг временски период, а тоа значи дека Пипан до крајот на ЕП остана без неговите услуги.
Вечерва Македонија во рамките од 3-то коло на групата Б во Јесенице за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. Натпреварот започнува во 21.00 часот.
Инаку, по одиграни 2 дуели Македонија сеуште нема освоено ниту поен, откако нечесно со судиски грешки беше поразена на дуелите со Црна Гора и Литванија.
Македонија синоќа во 2.коло од Б групата во Јесенице загуби од Литванија со 75:67.