Штипјанец ја избодел сопругата до смрт

policija-stop
Педесет и девет годишниот штипјанец Д.П. пред околу еден час си ја убил сопругата во центарот на Штип.

Според првичните информации до кои дојдовме, убиството се случило околу 14:10 часот кога мажот со остар предмет ја избодел до смрт 53-годишната сопруга Соња П.

Мажот се самоповредил и во моментов се наоѓа во клиничниот центар во Штип.

Засега не се познати причините за убиството, а од полицијата за Курир велат дека увидот е во тек по што ќе бидат познати повеќе детали.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О