Луксузен хостел во "Boeing 747"

Фановите на авијацијата добија можност да ноќеваат во "Boeing 747" - џамбоџет со 450 седишта. Шведскиот бизнисмен Оскар Дивс ја претвори внатрешноста на авионот во луксузен хостел.

Единствениот хостел "Jumbo Stay" има 27 кабини и апартман, опремени со безжичен интернет и современа техничка опрема.

Гостите можат да престојуваат и во луксузниот апартман кој е сместен во пилотската кабина, од каде има панорамски поглед на аеродромот "Arlanda" во близината на Стокхолм.

Авионот може да се користи и за конференции, а е отворен 24 часа на ден.
"Се подготвував да го проширам својот бизнис со хостели во 2006 година, кога слушнав дека се продава стар авион од 1976 година на "Arlanda". Со оглед на тоа дека долго ја чекав приликата да започнам бизнис на "Arlanda", не се двоумев ни секунда", изјавил Дивс.

Цените во хостелот се движат од 50 евра за заедничка соба, до 200 евра за едно ноќевање во ексклузивниот пилотски апартман.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О