Лавини срамниле неколку села: 108 загинати во Авганистан

Не сме виделе толкава количина на снег, ниту лавина, во последните 30 години. Доколку владата не пружи хуманитарна поддршка во храна и машинерија, ова ќе се претвори во катастрофа", вели гувернерот на провинцијата Панџшир.

Најмалку 108 луѓе загинале во Авганистан во лавините предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштиле денес властите.

Лавините ги затрупале куќите ширум четири провинции на североистокот на земјата. Силното невреме блокирало села и патишта, а се очекува дека лошото време ќе трае уште два дена.


Според агенцијата AFP, властите стравуваат дека бројот на жртви би можел да биде поголем.


Заменик директорот на авганистанската служба за управување со природни несреќи, Мохамад Аслам Сијас, изјавил дека 108 лица загинале, а 100 домови биле уништени или оштетени во провинцијата Панџшир, на 100 километри североисточно од Кабул, јавува AP.


"Не сме виделе толкава количина на снег, ниту лавина, во последните 30 години. Доколку владата не пружи хуманитарна поддршка во храна и машинерија, ова ќе се претвори во катастрофа", вели Рахман Кабири, гувернер на провинцијата Панџшир, каде во последните два дена загинале 90 лица.

Кабири додал дека 20 лица биле повредени во лавините, пренесува Reuters.


Во таа провинција поради константните врнежи од снег, блокирани се главните сообраќајници, па спасувачите тешко доаѓаат до затрупаните села.


Смртоносните лавини во зима се чести во планинските предели на Авганистан, па во сличен случај во 2012. година исчезнале 145 лица, кои се сметаат за мртви.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О