Во период кога големи технолошки компании како што се Yahoo и Motorola
Mobility решија да ги освежат своите логоа, така што претставија свои
нови редизајнирани варијанти, најпознатиот пребарувач во светот Google
реши дека не треба да заостане зад својата конкуреција.
Деновиве
веб сајтот Ars Technica објави дека со новата верзија на апликацијата
Chrome Beta за Android, Google го претставиле и ново редизајнирано лого.
Разликата меѓу старото и новото лого на пребарувачот не е голема.
Едиственото што може да се забележи и осветлувањето на некои бои со цел
да се добие забележлив ефект.
Редизајнот на логото на Google не е
претставува изненадувачки потег, највеќе поради фактот дека скоро сите
технолошки компании се стремат кон почист, две-димензионален естетски
дизајн. (Таков пример имаме со буквата ‘g’ кај иконките на Google+ и
Google Search).
Дали овој дизајн ќе биде распорстранет и кај другите Google производи останува да почекаме.
