iPhone 5s во Македонија, за неверојатни 60 илјади денари!

Најочекуваниот и најпосакуваниот телефон во моментот, iPhone 5s, конечно пристигна во Македонија. Кој друг ќе го донесе, ако не Ледиком... Но со цената претераа, не е нешто посебно...
Веќе неброен број пати сме ги покриле карактеристиките на овој мобилен телефон, но да погледнеме уште еднаш што е тоа што го прави толку популарен. Пред се, тука е најголемата новина - воведувањето на скенер на отпечатоци наместо Home копче. Од нашето тестирање на уредот, можеме да ви кажеме дека навистина работи феноменално. Можеби нема да ни верувате, но не можете да го отклучите телефонот со палецот на левата рака, ако претходно како „лозинка“ ви е внесен оној од десната.

Процесорот е A7 и со 64 битна архитектура. Веројатно сте запознаени со процесорите на Intel, како на пример Core i3 или Core i5? Епа, тие исто така користат 64 битна архитектура, па затоа видете колку моќен уред држите во вашите раце. Ќе ви признаеме, си донесовме и iPhone 5, прилично сме задоволни со него, брз, елегантен, убав...ама по споредбата и краткото тестирање на iPhone 5s, постариот модел веќе ни се чини како „тапа“...уф, ќе мора и ние да си набавиме еден нов iPhone 5s. Секоја апликација, секоја игра и секоја анимација се побрзи од iPhone 5 - иако звучи невозможно, навистина е така!

Ја инсталиравме Infinity Blade 3 и решивме, го фрламе и нашиот Xbox 360! :)
Не изгледаат многу различно, нели?

Камерата е на самиот врв помеѓу мобилните уреди. Поголемиот сензор води кон поголемо пропуштање на светлината низ самата леќа, со што сликите изгледаат значително подобро споредено со претходните модели. Не би отишле толку далеку за да тврдиме дека е најдобра, бидејќи Nokia е сериозен конкурент, но е дефинитивно меѓу најдобрите на пазарот
И ќе признаеме на крај за еден „педерски“ потег од страна на Apple. Заедно со iPhone 5s доаѓаат и голем број на апликации сосема БЕСПЛАТНО!
iPhoto ви е замена за Photoshop (одлична замена), iMovie е одлична алатка за едитирање на видеа, додека пак Pages, Numbers и Keynote се замена за Office пакетот на Microsoft. Ова се навистина одлични апликации кои посебно чинат над 30 долари, што е навистина голем бонус...за жал, оваа понуда не важи и за iPhone 5 (уште една причина да направиме старо за ново во Ледиком).
Ќе бидеме искрено, отсекогаш ни се допаѓал начинот на работа на дечките во Ледиком, па затоа бевме пријатно изненадени кога не викнаа да се дружиме и да го тестираме новиот iPhone 5s. Телефонот има цена од 899 евра за верзијата со 16GB меморија, а она што е важно и мора да ви го потенцираме уредите се NEVERLOCK!

Тоа значи дека уредот е „отклучен“ и ќе работи на One, Vip и T-mobile, без потребата да инсталирате чип (R-Sim) на вашата сим-картичка, кој троши повеќе батерија, прави проблеми со повиците, ви паѓа мрежата...верувајте ни, сме пробале R-sim и никогаш не би пробале пак!
Ледиком се наоѓа на ул. Цветан Димов бб, 1000 Скопје, а телефонскиот број е: (02) 2640046, како и мобилен: 072677677.

Доколку сакате да го поседувате врвот на мобилната технологија наречен iPhone 5s, тогаш ве советуваме да побрзате бидејќи додека го тестиравме моделот, во мобиларата се направи огромна гужва од заинтересирани лица

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О