Пред да се решите да потрошите многу пари за купување на скап смартфон како iPhone најпрво треба добро да ја погледнете понудата како и предностите и слабостите на посакуваниот уред.
Секако тука се и желбите на купувачот, а шоуменот Џими Фалон прави интересна анализа на новите iPhone 5S и iPhone 5C во која ги споредува нивните добри и лоши страни, на пример добра страна е скенерот за отпечатоци Touch ID, а лоша страна е ако некој сега ви го украде телефонот најверојатно ќе ви го исече и прстот.
Ова шега, заедно си сите други предности и недостатоци мора да ги погледнете од видеото во продолжение, па можеби тоа ќе ви ја олесни одлуката кога новите iPhone 5S и iPhone 5C ќе пристигнат во Македонија.