Дневен хороскоп (02.10.2013)

 
Овен

Денеска може да имате проблеми со шефот околу патот на кој сакате да одите. Најверојатно нема да се сложи да отсуствувате од работа онолку колку што планиравте. Здравјето ќе ви биде чувствително.


Бик


Ви одговара работата која моментално ја работите и вашата позиција е се’ подобра и посигурна, но не се согласувате со сите. Ве очекуваат помали трошоци. Доколку сте во врска, партнерот е во фаза на промени.

Близнаци


Сите патишта и планови се отворени, само треба да посакате и да започнете акција. На полето на финансиите има осцилации, посебно доколку добар дел од заработката зависи од некој ваш пријател. Ќе ги надминете сите пречки.


Рак


Денеска ќе имате помали финансиски потешкотии кои ќе ги решите многу полесно одошто планиравте. Работата ја прилагодувате кон вашите потреби. Не постигнавте договор, но не е се’ готово. Помалку јадете.


Лав


Бидете трпеливи уште малку и се’ ќе биде онака како што треба. Ве очекува поубав, поинтересен и поуспешен период. Почеток на врска со личност со која се дружите не е можен. Малку сте понервозни од вообичаено.


Девица


Денешниот ден ќе ви помине многу лесно. На работа нема да се заморувате премногу. Очекувајте изнеадување од страна на пријателите и убаво помиата вечер. Доколку сте возач бидете вниматели во сообраќајот.


Вага


Во последно време се воздржувавте да го кажете она што го мислите, но тоа наскоро ќе се промени. Деловните предизвици ви беа секојдневние и сега ве очекува период кој ќе донесе остварување на вашите амбиции.


Скорпија


Доколку сте во процес на решавање на станбеното прашање, не губете ги нервите. Се’ ќе заврши како што е најдобро за вас иако ќе се соочите со пречки. Неочекувано ќе се случат промени што ќе ви одговараат.


Стрелец


Оптимистички гледате на деловната ситуација што ќе донесе добар резултат. Само избегнувајте ги конфликтите и немојте да менувате нешто бидејќи може да биде погрешно. На емотивен план е подобро.


Јарец


На деловен план се истакнувате но немате поддршка од надредените иако го очекувавте тоа. Финансиската ситуација е променлива, но заедно со саканата личност ќе ги реализирате плановите.


Водолија


Одличен момент за работа со недвижнини. Може на тој начин повеќе да профитирате, но ќе ви биде потребна малку поголема храброст. Доколку сте слободни, време е да почнете повеќе да излегувате.


Риби


Потпрете се на партнерот кога се финансиите во прашање и чекајте да се случи чудо. Шансите за тоа се реални, но нема да се случи така брзо. Се4 повеќе сте задоволни од врската. Здравјето ви е добро. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О