На кадрите се гледаат голем број припадници на Имиграционата полиција, кои се распоредени низ целата граница, пишува Blic.rs.
Ѕидот, висок четири метри и долг 1756 километри на границата меѓу Србија и Унгарија, според сите прогнози ќе биде завршен до 30. ноември, а на поставувањето на оградата ќе работат 900 луѓе.
Унгарската влада се одлучила на овој потег за да го спречи приливот на мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак, кои преку Грција, Македонија и Србија влегуваат во таа земја.