Киндер торта

Кога некогаш ви треба вистинска торта, на пример за нечиј роденден, го имаме рецептот за познатата „Киндер торта“.
Потребно:
12 јајца
32 лажици шеќер
150 г. маргарин
1 пудинг од ванила
3 ќесички прашок за печиво
7 лажици мелени ореви
1,15 л. млеко
1 чоколадо за готвење
26 лажици брашно
2 ќесички шлаг-пена или хопла за шлаг


Подготовка:
Изматете 6 јајца со 18 лажици шеќер, а потоа додајте 18 лажици превриена вода, 18 лажици брашно, 3-те ќесички прашок за печиво и 7 лажици мелени ореви. Од оваа смеса испечете 3 кори.

Изматете 6 јајца со 6 лажици шеќер, 15 мл. млеко, 8 лажици брашно, и пудингот (во прав), и од оваа смеса направете како пудинг – додајте ја во претходно зовриено млеко со 8 лажици шеќер. Добиената смеса поделете ја на 2 дела, и во едниот ставете го чоколадото за готвење и оставете смесите да се изладат. Потоа во двата фила додајте по 75г. маргарин.

Тортата филувајте ја по следниот редослед: кора-жолт фил, кора-црн-фил, кора-шлаг пена. Украсете по желба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О