Не работи ниту Кипот на слободата: Кризата во САД чини 200 милиони долари дневно

Американскиот претседател Барак Обама и Претставничкиот дом се нашле на пат позиција додека стотина илјади државни службеници се наоѓаат на неплатен годишен одмор.
Владата е затворена, САД банкротираа, Конгресот дозволил државата да згасне...се некои од насловите на американските весници во вторникот, откако земјата се нашла во најголемата блокада на државната управа во последните 17 години. Кризата ќе ги чини Американците 200 милиони долари дневно. Сепак, имаат уште 30 милијарди долари "на страна".


Доколку не се договорат до 17 октомври, Америка ќе ја очекува уште една драма бидејќи го достигнала законскиот лимит за нови задолжувања, пишува Ројтерс.

Ништо не работи, дури ни НАСА

Стотина илјади државни службеници денес не отишле на работа. Не работат националните паркови, музеи, управата за јавни приходи, па дури ни Кипот на Слободата. Цивилните службеници во Вашингтон не се на работа, не работи ниту НАСА. Загрозена е работата на астронаутите, а со тоа и американската надмоќ во вселената.


Рокот за договор за нов буџет истекол. Белата куќа и демократското мнозинство во Сенатот од една страна, и Републиканското мнозинство и Претставничкиот дом од другата, не успеале да се договорат.

Обама ветил исплата за војниците

Обама, кој веројатно не претпоставува како тоа ќе се случи, се обратил на нацијата и ветил дека војниците ќе бидат исплатени, посебно тие во Авганистан. Уште еднаш го повикал Конгресот да се однесува разумно. Изјавил дека ја присилиле владата на гасење заради здравствениот закон.


"Па тие го направија тоа", изјавил во шок.

Обама: Републиканците им ја кратат здравствената заштита на Американците

Обама фината за блокадата на државата ја префрлил на републиканците.

"Ја блокираа владата заради идеолошка војна, бидејќи сакаат на милиони Американци да им ја скратат здравствената заштита, која можат да си ја дозволат", изјавил Обама.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О