Со пушка во раце: Надзорните камери снимиле експресен грабеж

Крадецот се појавил од никаде. Го вперил огненото оружје во престрашениот чувар и му ја одземал металната кутија полна со пари.
Надзорните камери во Сомерсет во западна Англија забележале момент во кој вооружен и маскиран крадец, од чувар на бензинска станица одземал кутија полна со пари.

Драмата траела само неколку секунди, а на снимката од два агла се гледа како напаѓачот трчајќи се појавува од никаде, и со огнено оружје во раката го тера престрашениот чувар да му ја предаде кутијата со парите. Веднаш ја одзема кутијата и трчајќи се оддалечува од местото на настанот.

Според Daily Mail, чуварот на бензинската дошол по дневниот промет. Го ставил во метална кутија, со која тргнал кон своето возило, но тогаш бил пресретнат од крадецот.

Се 'се случило на 23. септември околу 23:30 часот, а напаѓачот побегнал со украдена Ford Fiesta, која со лажни регистарски таблички била паркирана близу до станицата. Автомобилот бил пронајден на стотина метри од местото на настанот.

Полицијата ги истражува сите околности и ја замолува јавноста за помош и информации за напаѓачот. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О