
Повеќе од 600 години членовите на племето Машко Пиро, дел од народот Кујарено, живеат без допир со цивилизацијата меѓу пограничниот предел на Перу и Бразил. Владата на Перу сака да оствари контакт со овие жители на прашумата.
Пред неколку месеци неколкумина од племето биле забележани како влегуваат во селата за да земат храна, алати и орудија бидејќи наркокартелите и сечењето на шумите го нарушуваат нивниот начин на живот.

Истражувачот Леонардо Перес беше убиен со стрела во срцето, а во 2011 година припадници на племето го убиле водичот Шако Флорез кој со нив тргувал со мачети и садови. Се претпоставува дека бил убиен откако им предложил да престанат да живеат номадски живот.
Сега племето живее покрај бреговите на реките наместо во шумите од каде е протерано поради делувањето на наркокартелите.



