Џордан: Би ги победил сите во игра ,,еден на еден''

После констатацијата на легендарниот Мајкл Џордан дека би ги победил сите во игра ,,еден на еден'', свој коментар дадоа Брајант и Џејмс.'
 
Шесткратниот освојувач на НБА шампионскиот прстен гостуваше на промоцијата на видео играта NBA 2K14, каде што беше запрашан дали некој од моментално најдобрите кошаркари би имал шанса во дуел против него. Џордан изјави дека веројатно би ги победил сите, освен евентуално Коби Брајант за кој вели дека ги копирал сите негови потези.

Ѕвездата на Мајами Хит, Леброн Џејмс во врска со констатацијата на Џордан изјави: ,,Тоа го рекол ЕмЏеј? Размислував како би завршил тој двобој, но сега секако е сеедно. Никој нема да знае никогаш'', изјави Џејмс.

,,Домино ефект. Јас ги копирав неговите потези, а денешната генерација ги копираше моите...'', накратко изјави кошаркарот на ЛА Лејкерс, Коби Брајант.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О