Парите никогаш не паѓаат од небо? Во овој случај, паѓаат!

Често пати сме ја слушнале реченицата дека парите не паѓаат од небо. Меѓутоа, изгледа дека во Боливија и тоа е возможно. 
Имено, тамошни дилери со дрога од авион фрлиле дури милион долари, а наведениот износ бил наменет за нивни колеги, кои биле следени од полицијата.

"Белата торба во која имаше околу милион долари, била фрлена од авион", изјавиле од полицијата.
Станува збор за пари кои биле наменети за колегите на дилерите, но полицијата го спречила нивниот планиран потфат.



Во торбата имало банкноти од 20 до 100 долари, а се претпоставува дека парите потекнуваат од Уругвај.


Покрај парите, полицијата запленила и оружје, два автомобили и два мобилни телефони. Биле уапсени три лица. Истрагата е се' уште во тек.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О