Жерновски: Војната со Град Скопје можеше да се избегне!

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, на улицата каде што Град Скопје започна со уништувањето на општинските паркинзи изјави дека досега имал не добри, не одлични, туку коректни односи со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Но, посочи, нема да дозволи да се работи на штета на општината и на граѓаните.
Zerno 3 okt 1


"Сторивме се’ за да ја избегнеме војната, која се очекуваше. Направив се’ затоа што војната можеше да се избегне и можевме да се договориме", изјави Жерновски.
Жерновски нагласи дека ќе ги брани законите во Град Скопје и во Република Македонија.


"Нема да дозволам владини и партиски интереси да владеат со општината, туку само законите", изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.
Нагласи дека без градежна дозвола Град Скопје стопанисува со паркинзите кои што се на територија на Општина Центар и затоа, рече, тоа се дивоградби. Овластениот инспектор од Општина Центар веќе ја побара целосната документација од Град Скопје во врска со овие улици.


"Крајно време е Град Скопје да каже колкави се комуналните такси за 2012 и дел од 2013 кои градот Скопје не сака да ги уплати на сметка на Општина Центар. Се надевам дека ќе преовлада разумот, но нема да потклекнеме. Јас ја прашав пред малку овластената инспекторка од Град Скопје зошто не го организирале паркирањето во изминативе 4 години, но не добив одговор", рече Жерновски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О