LG и Samsung повторно ветуваат флексибилни смартфони

Двата технолошки гиганти од Јужна Кореја, LG и Samsung истовремено најавуваат дека наскоро ќе ги претстават смартфоните на кои се работи долго време. LG до крајот на месецот ќе го лансира првиот флексибилен смартфон LG Z, додека пак Samsung ќе ја прикаже флексибилната верзија на Galaxy Note 3 со дисплејот Youm.
 

Досега би требало да знаете дека зборот „флексибилни смартфони“ не е баш тоа што го очекувавмекога за оваа технологија прв пат дознавме пред повеќе од една година. Тоа што може да го добиеме е смартфон со благо заоблен екран, од крај до крај, како и материјал на градба кој ќе биде многу поцврст за разлика од сегашните LCD или OLED екрани кои се лесно кршливи и се најголемата слабост на модерните смартфони.

 
LG и Samsung се двете компании кои во изминатите месеци најмногу работеа на развој на „флескибилните“ екрани и во повеќе наврати „промовираа“ дел од новата технлогија, но сеуште не пласирале ниту еден ваков смартфон на пазарот иако тоа се очекуваше уште за време на летото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О