Според истражувањето на Светската фудбалска куќа ФИФА,
фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија е најбрзиот фудбалер
на светот.
Антонио Валенсија е на првото место на листата на најбрзи
фудбалери во светот која ја составија експертите кои што работат во
ФИФА. Еквадорецот е прв на листата со брзина од 35.1 километар на час,
следува Герет Бејл со 34.7 километри на час и Арон Ленон со брзина од
33.8 километри на час.Интересно е што Кристијано Роналдо го зазема четвртото место на листата, додека Лионел Меси е на шестото место. Меѓу најбрзите 10 на светот по двајца фудбалери имаат екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен, а по еден играч имаат екипите на лондонските ривали Тотенхем и Арсенал.
Најбрзите фудбалери на светот:
1. Антонио Валенсија (Манчестер Јунајтед) - 35.1 km/h
2. Герет Бејл (Реал Мадрид) - 34.7 km/h
3. Арон Ленон (Тотенхем) - 33.8 km/h
4. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) - 33.6 km/h
5. Тео Волкот (Арсенал) - 32.7 km/h
6. Лионел Меси (Барселона) - 32.5 km/h
7. Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) - 31.2 km/h
8. Франк Рибери (Баерн Минхен) - 30.7 km/h
9. Арјен Робен (Баерн Минхен) - 30.4 km/h
10. Алексис Санчез (Барселона) - 30.1 km/h