Јавноста се сеќава кога тој како тинејџер успеа во Македонија да ја донесе кралицата на турбо-фолкот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, хрватската дива Северина Вучковиќ и уште многу други.
Својата телевизиска кариера ја започна уште како средношколец, а отскочна штица му беше неговата прва манифетација „13-ка за најуспешните“. Потоа следуваат уште низа успешни проекти на шоуменот. Се појави и во реалното шоу „Големиот брат“, што му донесе балканска слава, па за кусо време стана еден од најпознатите и најозборуваните личности и во поранешните југословенски републики – се работи за Бојан Јовановски или како што сите го знаат, Боки 13.
Во меѓувреме, Јовановски започнува и со пејачка кариера и има свои композиции на македонски и на српски јазик. Својата популарност ја достигна со имитирање познати балкански пејачи како и со својот стил на облекување. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, Скопје, Штип, Битола и останатите места во Македонија.
