Осумгодишно момче на смртната постела, последна желба му е да го запознае Ибрахимовиќ!

Детскиот сон е нешто што тешко може да се уништи. Токму децата се оние кои имаат најмногу верба и надеж, и тешко кој може да им одолее на тие невини, наивни очи кога нешто бараат. Хајрудин Камењаш има желба која нема да згасне, иако тој умира.
 
Малиот Хајрудин нема видено многу од животот, иако сигурно ќе каже дека уживал секој пат кога се дружел со фудбалската топка. Неа ја сака најмногу, заедно со своите два омилени фудбалери. Проблемот кој го има веќе шест години сега е најопасен. Малиот Хајрудин го убива леукемија. Три пати пресадуваната коскена срж не помогнала. Лекарите велат дека му останало уште месец дена од животот.

Хајрудин живее во Вареш, гратче во Босна и Херцеговна, на 45 километри северно од Сараево. Вареш неколку векови било познато место по своите рудни богатства, а таму се родени и неколку познати личности. Малиот Хајрудин веројатно таму ќе ги помине и последните мигови од животот оваа есен. И се’ што тој посакува пред неговите очи да згаснат е да го запознае Златан Ибрахимовиќ.


Хајрудин не толку одамна го запознал напаѓачот на репрезентацијата на БиХ, Ведад Ибишевиќ, кој го посетил во текот на лечењето во Германија. Му останала уште само една желба. Толку мала и толку необична – да запознае уште еден човек кој потекнува од тие простори, репрезентативецот на Шведска и ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ. Хајрудин верувал дека тоа е возможно, а бидејќи се е можно за оние кои веруваат, почнала да пристигнува и помош.

Техвида Рекиќ, која во Германија има хуманитарна организација за помош на лечење на деца од БиХ, ја објавила неговата желба на Фејсбук. Оттаму ја превзеле новинарите од Босна, Германија, Холандија и Франција. А приказната за оваа желба стигнала и до Златан, токму пред синоќешниот настап во Лигата на шампионите. Ибрахимовиќ дал два гола на Бенфика, за победа на ПСЖ од 3:0, а потоа на молбата на шведскиот новинар да каже нешто за тој апел на детенцето, рекол:

„Многу тажна приказна... Јас сакам секој да е среќен, тогаш и јас сум среќен. Ќе видиме што може да направиме за малиот“.


Збор по збор, од една добра личност до друга, од еден новинар до друг, оваа приказна стигнала таму кај што треба. Сега само уште Ибрахимовиќ да стигне каде што треба. А мора. Мора бидејќи за некои детски соништа има уште време, иако е малку.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О