Во
глобалната мрежа се појави информација дека тајванската компанија HTC
подготвува понуда на нов буџетски паметен телефон, вклучен во
производната линија Desire.
Уредот го добил името Desire 301e, а работи на двојадрената SoC –
платформа Snapdragon S4S со 1 GHz и има 3.5 инчен екран на допир со
поддршка на формат HVGA (работна резолуција 480×320 пиксели, што ја
прави пиксел густина од 155 пиксели на инч), како и со 512 мегабајти RAM
меморија.
Смартфонот е опремен со 4 GB флеш меморија, слот за мемориска
картичка во формат microSD, 5 – мегапикселна задна и 0,3 мегапикселна
фронтална камера, безжични адаптери Bluetooth 4.0 и Wi-Fi, FM радио и
отстранлива батерија со капацитет 1650 mAh.
Уредот работи под управувањето на оперативниот систем Android 4.2 (Jelly Bean) и ќе се појави во продажба по цена од 200 долари.
Во моментов е познато дека новиот производ ќе се продава на кинескиот
пазар. Дали и кога ќе се појави тој и на другите пазари, засега не се
соопштува.