Jelly Bean 4.3 за сите Android смартфони

Сигурно до сега сте провериле дали вашиот Android смартфон ја добил најновата надградба на оперативниот систем 4.3 Jelly Bean и чекате кога тоа ќе се случи. Но, повеќе не треба да чекате затоа што има едноставно и бесплатно решение со кое ќе ги добиете сите новитети од 4.3 Jelly Bean на вашиот смартфон.
 
 
За да го внесете интерфејсот од Android 4.3 Jelly Bean не треба да го рутирате уредот, ниту пак да инсталирате Flash ROM кој не е секогаш најдобро решение, а потребно е и време и повеќе чепкање низ опциите. Затоа превземете ја апликацијата Apex launcher која е бесплатна во маркетот Google Play. Откако ќе ја инсталирате со неа ќе го промените „ланчерот“ односно првичниот интерфејс кој ги обликува иконите, менијата и крaтенките. Потоа ќе добиете пристап до сите новитети во Android 4.3 Jelly Bean, како што се позадините, изгледот на иконите, анимациите, како и сите функционални и организациски алатки.
 
 
Тука спаѓаат новиот календар, калкулатор, часовник, новиот интерфејс за камерата, апликацијата за испраќање пораки, виртуелната Google тастатура, апликациите на Google, како и новиот изглед на Google Play Store. На тој начин без оглед кој смартфон го поседувате ќе го имате истиот изглед и функционалности како и Nexus смартфоните, со најновиот Android 4.3 Jelly Bean. Доколку пак не сте задоволни од апликацијата едноставно може да ја избришите и да се вратите на стариот интерфејс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О