Уште еден доказ дека Македонија изобилува со неверојатни
таленти е и петнаесетгодишната Марија Ичкова, која во вечерашното
издание на талент шоуто "X Factor Adria" ги воодушеви, како членовите на
жирито, така и присутните во публиката.
Како што вели и самата Марија, главни виновници за нејзиното учество во шоуто се нејзините пријатели, а талентот и љубовта кон музиката таа го наследила од својот татко. Во продолжение погледнете го настапот на Марија со песната "Whole Lotta Love" од "Led Zeppelin".