Дали постои можност микробрановиот импулс од кој било електричен апарат или сателит да влијае врз временските непогоди? Дали супер тајфунот „Хаијан“ кој што ги погоди Филипини и однесе повеќе од 10.000 животи е контролиран и „диригиран“ од луѓето.
Потоа се наметнува и прашањето дали потполно е контролиран на патот кон конечната дестинација? Микробрановата аномалија е набљудувана во западен Пацифик, каде што јасно се гледа дека создала силна ротација и можност дека одиграла голема улога во создавање на најголемиот тајфун „Хаијан“.
На мапата е видливо дека базата на американското воено воздухопловство е сосема блиску до местото на необичните промени на микробрановите, кои што се случуваат во океанот непосредно пред ударот на супер тајфунот.

Видео записот го покажува влијанието на микробрановиот импулс, како се формира и од кое место тргнува. Во близина на Гвама, Маријанските острови кои што им припаѓаат на САД, од север тргнува голем микробранов импулс, кој ротира и создава циклони.
По создавање на бранот, сателитските снимки покажуваат силна ротација која започнува да се развива.

Во извештајот стои дека ротацијата започнала да се создава само еден ден подоцна откако била забележана аномалијата. На „Гугл мап“ може да се видат сите електромагнетни места на светот, секој главен сектор со антени и радари, кои што ја контролираат околината.
Овој експерт докажува дека импулсот е создаден кај база на САД и дека веднаш потоа бурата ја започнува својата ротација.
Инаку во непосредна близина на наводениот извор на бурата се наоѓа и база на НАСА.
Можеби намерно не ја иницирале непогодата, но како што вели експертот тие се виновни за создавањето импулс во моментот кога започнала бурата.
Мали се можностите дека тоа не е поврзано, наведува експертот, бидејќи по земјотресот доаѓа тајфунот.
Изгледа дека американските сили биле сериозни кога истакнаа дека ќе го контролираат времето.