Пази бе сељак…


Со кои држави се граничи Русија?


Кратка видео приказна за татко и син која ќе ве остави со насолзени очи

Приказната ја раскажува синот, кој кога бил дете не го сакал својот татко. Татко му бил сиромашен и неуспешен. Иако работел напорно и секакви работи, сепак синот не мислел дека е многу паметен. Најважната работа што му ја кажал татко му во животот била: Да се биде богат не значи колку имаш, туку колку даваш. Но, синот не разбирал некои работи, не бил среќен како дете, а кога пораснал и се вработил не сакал ниту да си оди дома да го види својот татко. )

Исчезнатиот Боинг 777 имал судар: Дали поправката била успешна?

Многу теории се обидуваат да го објаснат исчезнувањето на авионот од Малезија. Постои теорија дека авионот за време на летот почнал да се распаѓа, а причина за тоа бил сударот кој се случил во 2012-та година.

Материјални докази и проверени информации има многу малку, така што шпекулациите и теориите кои се обидуваат да го објаснат исчезнувањето на авионот некогаш се на граница на разумот. Меѓутоа, најновите информации покажуваат дека овој авион имал судар, по што се поставува прашањето дали по штетата која ја претрпел на едното крило, поправката била успешна?

Постои теорија дека авионот за време на летот почнал да се распаѓа, а причина за тоа бил сударот кој се случил во 2012-та година.




Наводно, авионот на аеродромот во Шангај во 2012-та година со крилото удрил во друг авион, по што останал без предниот дел на крилото. Поправката била извршена, а авионот се до овој последен лет работел беспрекорно.

Сепак, постои можност дека поправката не била адекватно изведена па за време на летот авионот почнал да се распаѓа.



Помеѓу теориите за мистериозно исчезнатиот малезиски, патнички авион се појави и таа според која вработените во тексашката компанија "Friskejl" искористиле некое непознато електро-магнетно оружје со кое авионот го направиле невидлив за нашите радари.




Според друга теорија пак, авионот експлодирал за време на лет, а на прашањето: Каде се отпадоците од авионот? - одговараат дека најверојатно паднале во огромната малезиска џунгла.



Некои пак се сомневаат дека станува збор за терористички напад - малезиските власти, американската ЦИА и бројните експерти од целиот свет се' уште не се спремни во целост да ја отфрлат можноста дека исчезнувањето на авионот може да се поврзе со терористички напад.

Друга теорија е дека можно е да дошло до расипување на некоја од функциите на авионот, или намерно го онеспособиле уредот за комуникација.



Од поновите теории е и таа дека авионот го киднапирале - аргументите за ова сценарио многумина ги гледаат во тврдењето на малезиската војска дека за време на летот дошло до неочекувана, нагла, промена на правецот.



Се почесто ја слушаме и теоријата дека пилотот всушност бил самоубиец. Тој сакал да си го одземе својот живот, заедно со животите на неговите 200 и повеќе патници.



И последната теорија која го привлекува вниманието на јавноста најмногу е таа дека авионот западнал во т.н. аеронаутичка црна дупка - постои можност дека одлетал во некоја површина која не е покриена со радари.

Тоа е една од ретките теории кои содржат надеж дека патниците можеби се преживеани...

ВИДЕО: Илјадници Македонци по улиците на Тетово

Се работи за прославата, кога Литванија беше поразена од Македонија. Убаво е да се видат олку Македонци кои слават, на едно место - во Тетово.

Македонија под уставното име на Евровизија

Ќе биде ли МАКЕДОНИЈА под уставното име на овогодинешниот евросонг? Погледнете како изгледа оваа табела, ако ви се допаѓа, кликнете лајк.

Ако вака гласа европа, Македонија ќе се најде на 5то место?


Која е најдобра земја за 2014? Македонија најдобро пласирана во историјата, на кое место сме?

Оваа година Македонија за најдобра земја спаѓа во првите 10. Оттаму први се Романија и Велика Британија, погледнете на кое место сме ние.
мала шега оваа топ листа е од евровизија но погледнете ја!

Снег на некои места, сонце низ градовите во Македонија

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози освен на еден патен правец.

Како што соопшти АМСМ единствено интензивни врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир каде пред малку е воведена и забрана за товарни возила а врнежи со послаб интензитет има и на Стража, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Смојмирово и Делчево, но на овие патни правци, тие не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О