Ова семејство живее на „висока нога”, ама буквално!

Ако како дете сте мечтаеле да имате или сте имале своја куќичка на дрво, тогаш оваа приказна ќе ве воодушеви.

Зошто да изградите мала куќичка на дрво, кога можете и дворец? Со оваа политика се води компанијата „Blue Forest”, која специјализирала во изградба на луксузни домови на дрва во шуми и приватни имоти ширум светот.



Еден од таквите проекти е и овој прекрасен дворец на дрво, сместен во Велика Британија. Инаку, поради приватноста, компанијата не ја открива точната локација на оваа прекрасна градба како од бајките.


Дворецот на дрво е изграден за едно семејство, а се состои од два дела: еден за децата, додека другиот дел е наменет за нивните родители.


Целиот комплекс е поврзан со висечки мостови и жица, а во негов состав се наоѓа и посебно игралиште за децата.

Ако помисливте дека во овој дворец не е можно да се живее – се лажете.


Неговата внатрешност е мошне луксузно опремена. Има кујна, тоалети и голем дневен престој во кој е можно да се угостат голем број на луѓе.

Детскиот дел се состои од три средновековни кули кои се поврзани со неколку мостови.

Во една од кулите е сместена и модерна игротека, опремена со играчки и останати занимации за децата.


Погледнете уште некои од неверојатните изработки на куќи на дрва кои ќе ве вратат во детството и светот на бајките.










ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О