Снег на некои места, сонце низ градовите во Македонија

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози освен на еден патен правец.

Како што соопшти АМСМ единствено интензивни врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир каде пред малку е воведена и забрана за товарни возила а врнежи со послаб интензитет има и на Стража, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Смојмирово и Делчево, но на овие патни правци, тие не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О