Имено, на холандските сили за воспоставување на ред и мир во изминатиот период работата им била значително олеснета затоа што снегот овозможува едноставен трик и многу полесно разоткривање на криминалните работилници.

Така, куќите на чии што покриви снегот брзо се топи и кратко се задржува, во себе често кријат многу повеќе од адаптирано поткровје и лоша изолација, па само во изминатите 20 дена, ширум земјата се изведени десетици успешни рации.
“Нема снег на покривот на вашиот сосед? Пријавете го тоа во полиција затоа што внатре може се крие илегална фарма за канабис”, било наведено во статусот објавен на Твитер од страна на полицијата во градот Харлем.

Но, најголем плен по дојава од соседите за “сомнителен покрив” имала полицијата во Амерсфорт – 500 растенија вредни повеќе од 50.000 долари. “Полицијата одлучи да спроведе истрага затоа што покривот беше целосно сув, додека на сите останати куќи во улицата имаше снег”, истакнал портпаролот на полицијата.
Сепак, полицајците во текот на изминатиот период често добивале и повик за упад во куќи во кои што на крајот било откриено дека станува збор само за уште една соба плус во домот, така што поради меѓу соседските односи, луѓето треба да бидат исклучително внимателни за овој апел на холандската полиција.

