Московска "Правда": Путин ќе објави докази дека САД го разнесоа Светскиот трговски центар!

Американските експерти тврдат дека, иако односите меѓу Русија и САД се најлоши уште од времето на "Студената војна", случувањата во светот претставуваат "затишје пред бура".

Интернет страната Veteranstoday.com, наводно го пренесува пишувањето на московскиот весникПравда, во кое стои дека Русија се подготвува да објави докази дека владата на САД и американските разузнавачки служби се вмешани во нападите на 11. септември 2001. година на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Теоретичарите на заговор веќе со години ги обвинуваат САД дека се одговорни за нападот на "Кулите Близначки", а руската страна наведува дека има сателитски снимки кои ги потврдуваат тие тврдења.

Според рускиот весник, во доказите јасно се гледа дека американското раководство го организирало целиот напад, како и манипулацијата на јавното мислење.

Правда пишува дека САД креирале слика дека американските граѓани се жртви на меѓународен тероризам, а дека зад сето тоа всушност се криела желбата на САД да ги контролира изворите на нафта на Блискиот исток.

Доказите, наводно, ќе бидат толку убедливи, што во целост ќе ги демантираат тврдењата на американските власти за нападите во Њујорк. Русија на тој начин, пишува весникот, сака да докаже дека САД одамна користи лажен тероризам за да ги држи своите граѓани во страв и како повод за воени операции во странски земји.

Во случај тактиката на Путин да успее, тоа ќе претставува шок за американската јавност и ќе предизвика гнев кај граѓаните, како и масовни протести ширум земјата. Од друга страна, доказите дека САД се организатори на нападот, целосно ќе ги дискредитираат Американците како лидери во борбата против тероризмот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О