Студентите ја прашале екипата на МТВ зошто достојно не си ја вршат професијата, зошто ги игнорирале нивните протести и каде биле кога нивни невин колега лежел во затвор?
На Филозофскиот и Филолошкиот факултет денеска дошла екипа од МТВ, втор канал кои сакале да снимаат што се случува во Универзитетскиот кампус на шестиот ден, откако студентите окупираа. Студентите револтирани од досегашниот игноранстки однос на државната телевизија им рекле дека може и нив да ги окупираат.
- Дојдоа од МТВ да не снимаат и рекоа дека се од вториот канал. Јас земав мегафон и ги прашав „зошто сега доаѓате, зошто ве немаше на сите протести досега, каде бевте кога ваш невин колега гинеше во затвор?“ Исто така, им реков дека не се достојни на професијата која ја вршат. Тука можат да снимааат слободно, но сигурни сме дека не ништо нема да пренесат. Можевме и екипата на МТВ да ја „окупираме“, зошто ние ги плаќаме – истакна во изјава за „Фокус“, Луми Викренес од Студентскиот пленум.
Во моментот, неколку стотици студенти ја бојкотираат наставата на Економски факултет.
Студентите веќе шести ден ги окупираат факултетите и така планираат, се додека не се исполнат нивните барања, а тоа е правење на нов закон за високо образование. Тие денеска во 14 часот треба да имаат средба со преставници на Владата и Министерството за образование.