Зошто славната пејачка Сиа си го крие лицето?

Иако вади хит после хит, Сиа е срамежлива на црвениот тепих, а сега ја знаеме и причината за тоа.

Сиа никогаш не настапува со лицето свртено кон публиката, па неретко ја гледаме свртена со грб. Исто така, таа не се појавува во спотовите за нејзините песни. А на настап, дури и кога ќе одлучи да се сврти, често е замаскирана за никој да не може да ја препознае. Но, кога ќе ги запее хитовите„Chandelier“, „Elastic Heart“... нема сомнеж дека тоа е навистина таа. Иако е прилично срамежлива, нејзините обожаватели сакаат да го видат нејзиното лице.

Сепак, Сиа пред некое време ја напиша својата страна на приказната за магазинот „Billboard”, која ја нарече „Мојот манифест против славата“.

„Кога луѓето би знаеле, освен оние кои се, како е да се биде славен, никогаш не би ја одбрале славата. Замислете стереотипен лик и насочете го кон секој тинејџер во целиот свет. Додајте тука и досадни луѓе, како и луѓе на кои им е работа да ги снимаат познатите. Сега замислете ја таа маса на луѓе која мисли дека има право да критикува, барем еден час секој ден. Но, секој ден и оној после него“, јасна е Сиа на која светот на познатите не и` е непознат, затоа што со години пишувала песни за Бијонсе, Принц, Мадона... а дури минатата година се одважи и постигна голем успех со биографската песна „Chandelier“, која зборува за нејзината борба со алкохолизмот.

Сиа сака да има нормален живот, иако е славна личност. Се чини дека пронашла и начин како да го постигне тоа, иако за неа многу се зборува.








ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О