(ФОТО) Груевски се согласил со промена на името, а го набедува Бошковски

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ вечерва прават провиден обид да ги покријат вчера објавените морбидни разговори меѓу високи владини функционери, сопственици на медиуми и новинари, објавувајќи снимка на која Љубе Бошковски наводно разговара за промена на името на државата.

Притоа, истите тие медиуми забораваат на текстовите што самите ги имаат објавено и во кои информираат дека Владата на Никола Груевски во 2013 година се согласила на промена на името. Еве ги текстовите објавени од ТВ Сител и порталот Курир, во кои министерот за надворешни работи, Никола Попоски, децидно кажува дека предлогот за промена на името што тогаш го понудил медијаторот Метју Нимиц е прифатлив за Владата на Никола Груевски.
111
Неодамна во македонските медиуми се појави и конкретната содржина на предлогот на Нимиц со кој се согласил Никола Груевски. Тој покажува дека Владата прифатила државата да се преименува во „Горна Република Македонија“, Македонците во „граѓани од Горна Република Македонија“ или „македонско граѓани“, а прифатила и преименување на македонскиот јазик.

Еве го тој документ кој беше објавен од БИРН.

proposal (1)



Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи да го одбранат неодбранливото, си дадоа уште еден автогол. Обвинуваат лидер на опозициска партија дека ќе го продавал името, а случајно или намерно забораваат дека самите објавија дека Никола Груевски, како премиер (не како лидер на опозициска партија), всушност, се согласил на промена на името. Како? Можеби наскоро ќе дознаеме повеќе.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О