Мајката на Тамара: Спасете ми го второто дете, Теона треба да се оперира од срце

„Сите се виновни за смртта на Тамара и очекувам да си дадат колективна оставка“, вели мајката на Тамара, Жаклина Димовска во емисијата ПРОЦЕС.

Семејството Димовски ќе бидат на чело на колоната на мирниот марш кој е предвиден за вторник на 24.февруари, со кој се бара оставка од министерот Тодоров и на сите инволвирани во случајот.

„Упатувам апел до сите родители, баби и дедовци да излезат на марш, за да кажеме стоп на бавниот здравствен систем“, вели Димовска.

Како мајка на две деца со посебни потреби, односно на уште едно дете на кое му е потребна операција, таа упатува порака до надлежните:

„Исправете ја грешката и овозможете и лекување на Теона, сестрата на Тамара на која и е потребна операција на срце, а има само 8 години“, порачува Димовска.

Како дојде до трагичниот крај, зошто застанаа донациите за Тамара, со која цел се организира граѓанската иницијатива, маршот „Црвен картон за Тодоров“. За овие и за многу други прашања зборуваат Огнен Јанески новинар и хуманист и Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет, кои се директно вклучени во организацијата на оваа граѓанска иницијатива.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О