Тоа ли учат на економски во Прилеп?! Така се тера еконосмка политика,
дека со позајмени пари треба да се делат покачувања на 200-те илјади
џаболебари во администрација и 300-те илјади пензионери во државава?! И
сето тоа го кажуваш на конференција пред бизнисмени кои немаат АМА
НИКАКВА ПОЗИТИВНА ВРСКА СО ТОА, дури и имаат негативна: ќе им се
демотивираат работниците и тие ќе бараат покачување иако фирмите работат
на граница на ликвидност и се пред банкрот!
Во своето излагање Груевски најави дека во новиот буџет за 2014
година планирано е зголемување на пензиите за 5 отсто. Покрај
зголемување на пензиите, во буџетот за наредната година планирано е
зголемување на социјалната помош за 5 отсто, на платите на јавната
администрација, исто така за 5 отсто, како и зголемување на придонесот
на самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 отсто.
Груевски најави и зголемување на додатокот за мобилност кој ќе
изнесува 7.000 денари месечно и на додатокот за глуви лица на 4.000
денари месечно.
Подготовката на буџетот, како што рече, е во завршна фаза, за кој
основните проекции се пораст на БДП од 3,2 отсто, инфлација од 3,3,
отсто и дефицит од 3,5 отсто од БДП.
Владата и во следниот период ќе продолжи со спроведување
дисциплинирана фискалана политика, што ќе резултира со одржување ниско
ниво на јавен долг којшто во јули 2013 година изнесува 33,6 отсто од БДП
и е четврт најнизок државен долг во ЕУ.
Грујо заборави да спомене дека има земји кои банкротирале и со долг
од 30% од БДП доколку немаат стабилен прилив од девизи како туризам или
нафта, баш каква што е Македонија.