Минувач на улиците на Кувајт улови лав

Случаен минувач намамил побегнат лав кој талкал по улиците на богато предградие на Кувајт во својот автомобил и потоа на помош ја повикал полицијата.

Кувајтските медиуми објавија фотографии од опасното животно на задното седиште од полицискиот автомобил. „Минувачот седел во автомобилот со лавот и тогаш станало опасно, па ја повикал полицијата која дошла и го префрлила животното во своето возило", рекол за медиумите извор од полицијата на Кувајт.

Лавот бил фатен во саботата на улиците во квартот Бајан, јужно од главниот град.
Полицијата трага по сопственикот на лавот, кој најверојатно нелегално го држел како домашно галениче. Во Кувајт, инаку, овие животни се сметаат са статусен симбол на богатите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О