Како прв прислушуван разговор, од третата бомба на Зоран Заев, денеска одекна информацијата за апсењето на Љубе Бошкоски.
Прв разговор е меѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков. Мијалков на Латас му објаснува како бил апсен Бошкоски, како 40 минути лежел на стомак, и како сите медиуми го снимале и фотографирале.
-Ќе лежи најмалку 8 години. Не го вади Господ. Ќе слават заедно со Велија, вели во разговорот Мијалков. Тој дофрла и вулгарности, односно истакнува дека ќе му пуштел некој специјален на Бошкоски во ќелија.