Целата приказна започнала откако Ешли разговарала со своите мајка и баба за човекот чија животна приказн се прераскажувала на радио станиците. Неговото име е Дени Робинсон.
Дени го изгубил својот татко кој починал од тумор на мозокот, а токму на Божиќ му изгорела и куќата. Меѓутоа, тоа не бил неговиот најголем проблем. Најголемиот проблем за Дени биле сериозните проблеми со бубрезите. Му била потребна итна трансплантација. Со оглед на фактот дека Ешли е нулта крвна група, со што таа претставувала универзален донор, се одлучила да го донира својот бубрег бидејќи немала посериозни здравствени проблеми.
- Помислив дека овој човек навистина нема среќа, и дека едноставно константно му се случуваат лоши нешта. Токму затоа се одлучив да му помогнам. Јас имам нулта крвна група и немам никакви здравствени проблеми, објаснува Ешли.
Веќе следниот ден доброволно се пријавила за донирање на бубрег и ги направила потребните тестови. Ешли не сакала да го запознае човекот на кого му бил потребен бубрег сè додека не била потполно сигурна за исходот на резултатите од тестовите.

- Тогаш не ни претчувствуваме дека нешто вакво би можело да се случи помеѓу нас, но штом почнавме да разговараме имав чувство како да го познавам целиот свој живот, зборува Ешли.
Кога се опоравил од операцијата, Дени и Ешли започнале да се забавуваат. Но како што нивната љубов секој ден била сè посилна и посилна, така Дени не можел многу да чека за да ја запроси Ешли. Токму на Бадник тој подготвил и посебен подарок за неа и клекнал на колена за да ја запроси.
Денес Ешли и Дени ја планираат својата венчавка а наскоро ги очекува и уште една голема радост. Тие ќе станат родители.