Најновото видео на Исламската држава на кое се гледа погубувањето на 21 египетски заробенициго запрепасти светот. Египетските христијани наводно биле заклани на брегот на Средоземното море во Либија.
Како и секој пат досега, не станува збор само за заплашување туку и за театар – сето тоа е внимателно изрежирано: џихадистите се во црно, сите заробеници во портокалови одела, а логото на Исламската држава е истакнато.
Пораките кои ги испраќаат исламистите се исто така внимателно одбрани. Еден од егзекуторите ја споменал и „близината на Рим“, а со оглед на тоа што овој пат беа убиени христијани, аналитичарите го толкуваат овој потег на ИС како директна закана кон Црквата, односно дека Исламската држава планира да дојде до нејзиното срце – Рим. А, факт е дека Исламската држава напредува кон Запад – нова граница на војната е Либија, а и покрај воздушните акции на меѓународната коалиција, исламистите освојуваат нови територии. |