Давид овие фотографии ги продава на мажи кои сакаат полни жени, а досега им "додал" килограми на сите познати жени, од Ким Кардашиан и Кејти Пери, до Рита Ора и анимираната принцеза Елса.

"Мажите бараат нивните омилени познати дами да ги претворам во крупни дами. Ема Вотсон, Џенифер Лоренс и Ким Кардашиан се засега најпопуларни", вели тој за Mail Online.

Позирајќи во бикини, Ким добила уште поголема задница, додека Рита Ора изгледа како трудница која лежи на лежалка.

Лопера открива дека тој и самиот ги сака полните дами, односно дека сака кога жената има неколку килограми повеќе.

"Жените изгледаат многу поубаво кога се покрупни", вели 20-годишниот уметник. "Мила Кунис е многу посексапилна со големо стомаче и полни колкови".

Како што вели, кога бил објавен новиот албум на Кејти Пери, за помалку од една година добил повеќе од 200 барања да ја направи полна, па признава дека неговата работа е многу исплатлива.