Samsung Mobile го прикажа најмоќното видео за Galaxy S6 со кое јасно го постави тонот и карактерот на новиот премиум смартфон кој ќе се фокусира на големи промени во дизајнот со идеална комбинација на метал и стакло, како и нови форми, што не прави навистина нетрпеливи за конечната промоција.
Samsung Galaxy S6 ќе биде пресуден продукт за компанијата која веќе почна да бележи пад на профитот и ако сака да остане во мртва трка со iPhone и Apple мора да го подигне нивото на иновација, заедно со најмоќните перформанси.
За Galaxy S6 се претпоставува дека ќе има 5.1 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи на осум-јадрен Exynos 7420 процесор, 4 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера, безжично полнење и ќе го користи оперативниот систем Android Lollipop. Промоцијата ќе ја проследиме на 1 март со Unpacked настанот кој ќе се одржи за време на конгресот MWC во Барселона.