Повикувам на мирно и достоинствено изразување на незадоволството со политиките на телевизијата, која веќе подолго време непристојно ги цензурира сите непријатели на владеачката елита.
Повикувам на натпартиски и надетнички протест, без никакви партиски или етнички обележја. Известувањето на МРТ е еднакво штетно за сите граѓани, без оглед на партијата на која и припаѓаат, без оглед на нивната етничка припадност, верска определба или социјален статус.
Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија! Работници, студенти, земјоделци, невработени граѓани! Ова е наша заедничка борба!
Генерал Стојанче Ангелов