Таа има три ќерки: Најстарата има 19 години, а мајката... погледот ќе ви каже се

Мишел Хунцикер (38) е швајцарско-италијанска водителка, актерка, модел и пејачка, која на почетокот на својата кариера го понесе и епитетот манекенка која ветува. Во текот на бременостите важеше за најатрактивна трудница, а сега како мајка на три ќерки го доби и епитетот најубава.

Пред неколку недели Мишел ја доби и својата трета ќерка, Селест, која е нејзиното второ дете во бракот со Томас Трусарди. Пред две години парот доби уште една ќерка, Сол, а пред 19 години Мишел за прв пат стана мајка. Од првиот брак со Ерос Рамацоти таа ја има ќерката Аурора.



Само 22 дена после породувањето Мишел изгледа беспрекорно. Почетокот на пролетта таа ја користи за прошетка низ Италија со Сол и Селест. Мајката најде и интересен начин за да го понесе бебето, кое е секако најбезбедно во нејзините прегратки.







За Мишел врската со Ерос Рамацоти беше дефинитивно и пресудна. Со статусот негова вереница таа му падна во очи на еден италијански продуцент, кој пак ѝ обезбеди и учество во емисијата "I cervelloni" на телевизијата Rai Uno.





После тоа Мишел заблеска и во емисијата "Paperissima Sprint" на Canale 5, за потоа да следат и уште поголеми телевизиски и филмски улоги меѓу кои во серијата "La Forza dell'Amore" и филмот "Alex l’Ariete".

Убавата мајка постигна големи успеси и во Швајцарија и во Германија, а тамошната публика ја запозна во хит емисиите и популарните серии.



Пред девет години Мишел го објави и албумот "Lole", а таа проба да работи и како водителка на музички програми. Таа е денес активна и на музичко поле, и на телевизиските канали, па и како актерка, но и во светот на модата.





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О