Антиќ блесна против Оклахома: Рекордни 22 поени во неговата НБА кариера

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ утринава одигра фантастична партија за Хокси постигнувајќи 22 поени на дуелот против Оклахома Сити Тандер.

Сепак, одличната партија на поранешниот капитен на македонската репрезентација не им помогна на „Јастребите“ да избегнат пораз во Оклахома. Во одличната шутерска вечер за двата тима, дуелот го добија домаќините со 123:115.

Антиќ беше убедливо најдобриот поединец во тимот на гостите со 22 поени за 20 минути поминати на паркетот. Перо шутираше 6-9 од поле, од линијата за три имаше одличен скор од 4-6, а реализираше и шест од седум слободни фрлања. Во тимот на Оклахома одлични беа и Шродер и Милсап кои постигнаа 21, односно 19 поени.

Во таборот на Оклахома Сити Тандер плејмејкерот на домаќините, Расел Вестбрук одигра уште една фантастична партија која ја заврши со трипл-дабл: 36 поени, 14 скока и 10 асистенции.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О