Бела кошула
Секој маж би требало да има барем една бела кошула во својот ормар. Белата кошула е класично модно парче кое сè уште изгледа добро и впечатливо. Последните неколку години токму белите кошули се повторно голем моден хит.
Белата кошула може да ја комбинирате буквално со секоја боја на костум, додека за свечени пригоди е најдобро да ја искомбинирате со црн костум и тесна црна вратоврска.
Комбинацијата од свечен костум со бела вратоврска е резервирана само за венчавките.
Кошула со линии
Класичната кошула со тенки линии е незаменлива за повеќето ситуации. Без оглед на тоа во каква боја се линиите, ако се тие тенки, во ниту еден случај не може да згрешите.
Линиите се детаљ кој ви овозможува суптилно да го покажете својот стил и карактер. Може да изберете помеѓу тенки и широки линии, во неутрални, но и такви во впечатливи бои.
Класичната кошула од овој тип има тенки линии во нетрални бои како што е сината или сивата. Ваквата кошула се комбинира совршено со костум, но и во кежуал верзија со пантолани или фармерки.
За лежерен изглед може да додадете и џемпер.
Еднобојна кошула
Во ормарот е најдобро да имате неколку еднобојни кошули бидејќи токму тие најлесно се комбинираат со остатокот од облеката.
Предноста на еднобојните кошули е тоа што го потенцираат костумот без да се натпреваруваат кој од модните парчиња ќе дојде во прв план. Ваквите комбинации оставаат впечатлив изглед, а не се воопшто тешки за да ги направите.
Еднобојната кошула едноставно ќе го освежи секој костум, па дури и само пантоланите.
Црната кошула одлично одговара и во комбинација со темно сив костум, но и со фармерки или пантолани на кои ќе им даде елегантна нота.