Драстични промени кај славните личности за само 5 години: Што им се случило?

Пет години е релативно краток временски период во кој овие ѕвезди се промениле речиси до непрепознатливост.









Џенифер Лоренс

Џенифер Лоренс е американска филмска и телевизиска актерка која се прослави со улогите во многу познати филмови, а златната статуетка ја освои со улогата во филмот „Silver Linings Playbook“. Сепак, срцата на фановите ги освои со улогата на Кетнис Евердин во филмот „Игри на гладните“. Од снимањето на првиот дел од филмот поминаа три години, а убавата актерка доста се промени оттогаш.



Најголемата промена е нејзината коса која убавата Џенифер одлучила да ја скрати и од слатка девојка се претвори во вистинска заводлива дама која освојува со актерскиот талент, но и неодоливиот шарм.



Брус Џенер

Брус на почетокот од својата кариера бил успешен спортист. Го освоил златниот медал на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, а после тоа станал една од омилените јавни личности, а неговото богатство било проценето на 100 милиони долари.



Но, во изминатите пет години ситуацијата драстично се променила – барем кога станува збор за неговиот физички изглед. Неговата долга коса, налакираните нокти, надуените усни и уште многу други работи во последно време го привлекуваат вниманието во јавноста и медиумите и се велеше дека славниот олимпиец го менува полот.

Мајли Сајрус

Мајли Сајрус е американска актерка и пејачка, најпозната по улогата на Мајли Стјуарт (Хана Монтана) во најгледаната тинејџерска серија „Хана Монтана“. И иако од завршувањето на снимањето на серијата поминаа доста години, многумина на неа се сеќаваат како на слатка девојка.



Денес таа е далеку од ликот кој го глумеше. Стана вистинска своеглава провокаторка која често ја следат придавки како што се „невкусна“, „вулгарна“ или „несоодветна“.



Што се однесува до физичкиот изглед, Мајли шокираше со кратката коса, ставила неколку тетоважи и ретко може да се види пристојно облечена.

Џастин Бибер

Поминаа точно пет години откога неговата песна „Baby“ ги освои топ листите ширум светот, но и срцата на бројните обожаватели. Тогаш тој беше слатко момче со таканаречена фризура „биберка“ која исто така стана светски хит.



Денес тој е 21-годишна ѕвезда која и понатаму освојува со својот глас и стас. Сега има мускули, ја скрати косата, се тетовираше и гласот му се продлабочи. Заедно со манекенката Лара Стоун неодамна сними рекламна кампања за познатата модна куќа Келвин Клајн и така докажа дека е далеку од момчето кое беше пред пет години.



Рене Зелвегер

Оваа холивудска дива им стана инспирација на жените ширум светот после улогата во филмот „Дневникот на Бриџит Џоунс“, но после појавата на црвениот тепих на 21-вото доделување на наградите Women In Hollywood многумина останаа зарепастени.



Иако оваа актерка напоменува дека никогаш, ама баш никогаш, не отишла „под нож“, тогаш почнаа озборувања дека славната убавица претерала со ботокс. 45-годишната актерка изјави дека го сака својот природен изглед и дека сето тоа е до шминката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О