На барање на слушателите, вести на Сител и во 9 и во 10:15, „Дурекс“ – генерален спонзор

Главниот уредник на Сител телевизија, началникот Драган Павловиќ – Латас, во ексклузивна изјава за Коза Ностра откри дека се менуваат термините за вести на оваа телевизија.

– Све ова ти е на барање на слушателите. Значи, имаш незадоволни слушатели кои викаат дека сакаат да слушаат вести у 9 и после 10, да речеме 10 и 15, а не во 11, во 12 и пол или у 1, или пак у неодредено време. И ние редовно ги слушаме барањата и нарачките на слушателите. И еве, од утре почињаме, значи имаш прво у 4 и у 7 редовно, и после ударна доза, прво у 9, после у 10 и 15, и мислам дека тоа ќе биде топ. Ќе се викаат „Куртон вести у 9“ и „Куртон вести у 10 и 15“, со трејдмарк, со нарачки, со се началниче, има да рушиме рејтинзи – вели началникот Латас.

Од утре генерален спонзор на вестите-куртон ќе биде реномираниот производител на кондоми „Дурекс“. Од компанијата биле презадоволни што постои толку тесна релација помеѓу нивните производи и најгледаните вести во земјава.

Веста е измислена и превземена од порталот за измислени вести и интервјуа Коза Ностра.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О